петок, 4. декември 2020. Вести денес: 4
home Хроника

Прегазено 5 годишно дете, со тешки повреди пренесено во охридската болница

Прегазено 5 годишно дете, со тешки повреди пренесено во охридската болница

Пет годишно дете е тешко повредено откако вчера во него удрило автомобил „БМВ“ со швајцарски национални ознаки, управувано од Б.Ш.(37) од струшкото село Радолишта.

Несреќата, како што информираат од полицијата се случила во 18,40 часот на локалниот пат во населбата Фериште-струшко.

-Детето се здобило со тешки телесни повреди, констатирани од страна на лекар од Медицинскиот центар во Струга, по што било префрлено во болницата „Свети Еразмо“ во Охрид, информираат од МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот од страна на Полициската станица Струга и се работи на целосно расчистување на случајот.

 

Коронавирус