четврток, 21. ноември 2019. Вести денес: 60
home Хроника

Прегазена млада девојка во Тетово

Прегазена млада девојка во Тетово

Тешка несреќа се случила вчера попладне во Тетово кога автомобил прегазил млада девојка.

МВР информира дека во 18 часот и 30 минути на булеварот „Видое Смилевски Бато“ во Тетово, 47-годишниот Ш.Х. од селото Вејце, тетовско, управувајќи патничко возило „Фолкваген Голф“ со тетовски регистарски ознаки, удрил во 18-годишната Т.А.од Тетово.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила девојката и била пренесена во болница.

Увид извршила екипа од СВР Тетово.