понеделник, 26. октомври 2020. Вести денес: 69
home Хроника

Прегазен полицаец во Кисела Вода

Прегазен полицаец во Кисела Вода

Полицаец синоќа бил прегазен од возач во скопска Кисела Вода кога се обидел да го сопре поради брзо возење.

Во акцијата на Министерството за внатрешни работи полициска патрола на улицата Првомајска застанала возач на автомобил за кој било регистрирано дека возел со поголема брзина од дозволеното. Но, возачот на знакот не застанал туку продолжил да вози со иста брзина при што го прегазил полицаецот со колата.

Од Министерството за внатрешни работи велат дека повредениот полицаец бил пренесен во Клиничкиот центар, а лицето кое управувало со возилото и сопатникот биле фатени и уапсени.

„Полициски службеници ги лишиле од слобода А.Д.(19) и К.М.(21), двајцата од Скопје, затоа што околу 01.00 часот на бул.„Борис Трајковски“ со возило „цитроен берлинго“, кое го управувал А.Д., а сопатник бил К.М., удриле и повредиле полициски службеник кој извршувал службени дејствија во областа на сообраќајот (мерење со радар), по што побегнале од местото. По преземени мерки тие биле пронајдени и приведени во полициска станица. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок“, велат од МВР.

Коронавирус