среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 167
home Хроника

Прегазен пешак во Тетово, со тешки телесни повреди пренесен во Клиничкиот центар Тетово

Прегазен пешак во Тетово, со тешки телесни повреди пренесен во Клиничкиот центар Тетово
фото илустрација

Вчера во 16:40 часот на булелвар „Маршал Тито“ во Тетово, патничко возило „ланчија“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А. К. (32) од село Глоѓи, тетовско, удрило во пешакот Љ. К. (57) од Тетово.

Во незгодата Љ.К. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Клиничкиот центар Тетово за укажување лекарска помош.

Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.

Коронавирус