недела, 27. септември 2020. Вести денес: 108
home Хроника

Прегазен пешак во Скопје, со тешки повреди заврши во болница

Прегазен пешак во Скопје, со тешки повреди заврши во болница
ФОТО ИЛУСТРАЦИЈА

Во текот на вчерашниот ден во 08:00 часот на булеварот „Македонско-Косовска бригада“ патничко моторно возило „Сеат Толедо“ со скопски регистерски таблици управувано од С.К.(60) од Скопје удрило во пешакот Р.М.(67) од Скопје, информираат од МВР.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Градската општа болница “Свети Наум Охридски“.

На местото на настанот извршен бил увид, се работи на целосно расчистување на случајот.

Коронавирус