сабота, 31. октомври 2020. Вести денес: 1
home Хроника

Прегазен пешак во Прилеп, починал во болница

Прегазен пешак во Прилеп, починал во болница

Седумдесет и две годишен пешак со иницијали Б.К вчера околу 12 часот бил прегазен на улицата „Александар Македонски“  во Прилеп од страна на патничко моторно возило „Рено Клио“ со битолски регистерски таблици управувано од Ј.Ф. (23) од Прилеп.

Пешакот бил пренесен во Општата болница во Прилеп каде лекар констатирал смрт. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Прилеп и се работи на целосно расчистување на случајот.

Коронавирус