сабота, 18. јануари 2020. Вести денес: 24
home Хроника

Прегазен пешак во Гостивар, со тешки повреди пренесен на Клинички

Прегазен пешак во Гостивар, со тешки повреди пренесен на Клинички

Автомобил „Опел астра“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Р.З.(36) од с.Врапчиште, гостиварско вчера попладне на бул.„Браќа Ѓиноски“ во Гостивар удрил во пешакот Ј.П.(77) од Гостивар.

-Во незгодата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош, информираат од МВР.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Гостивар.