петок, 14. мај 2021. Вести денес: 0
home Хроника

Прегазен малолетник, пренесен на Клинички со тешки повреди

Прегазен малолетник, пренесен на Клинички со тешки повреди

Малолетник е тешко повреден откако бил удрен од автомобил.

Несреќата информира МВР, се случила вчера во 19.25 часот на крстосницата од ул.„Македонско Косовска Бригада“ со ул.„Џон Кенеди“ и ул.„362“ во Скопје.

-Патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.А.(39) од Скопје, удрило во малолетен пешак од Скопје, информира МВР.

Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Коронавирус