среда, 23. септември 2020. Вести денес: 66
home Хроника

Предновогодишна драма во Македонија: Пијани малтретирале гости во кафеана, тепале полицајци и му се заканувале на сопственикот

По доаѓањето на  полициски службеници во објектот ситуацијата се смирила, но кога полициски службеници излегле надвор од објектот пријавените почнале да му се закануваат на сопственикот на објектот и  физички го нападнале.
Предновогодишна драма во Македонија: Пијани малтретирале гости во кафеана, тепале полицајци и му се заканувале на сопственикот
фото-илустрација

Рано утрово по полноќ, во Полициската станица -Тетово, Д. П. (1992) од Тетово  сопственик на Угостителски објект „Мерак“, пријавил дека  Д. Ф.и Ј.Н. му се заканувале и физички го нападнале.

Имено, околу 00:30 часот пријавените во видно алкохолизирана состојба сакале физички да се пресметаат во објектот  со дел од  присутните гости,  влечејќи ги  за јакни,  ги малтретирале и им се заканувале дека ќе ги нападнат, по што Д.П се обидувал да ги смири и ги замолил да престанат  и  да седнат на своето место.

По доаѓањето на  полициски службеници во објектот ситуацијата се смирила, но кога полициски службеници излегле надвор од објектот пријавените почнале да му се закануваат на сопственикот на објектот и  физички го нападнале.

По издадена наредба од страна на полициските службеници  да престанат со насилството, истите се оглушиле на наредбата и почнале да ги омаловажуваат и да  им се закануваат и на полициските службеници.  По обидот за приведување Д. Ф. и Ј.Н дале отпор и физички ги нападнале полициските службеници К.С. и А.С,  задавајќи им удари со тупаници и клоци, по што од страна на полициските службеници употребени се средства за присилба и лицата се приведени во Полициската станица -Тетово.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Коронавирус