среда, 28. јули 2021. Вести денес: 141
home Хроника

Предложени парични казни за непочитување на полицискиот час во Скопје

Предложени парични казни за непочитување на полицискиот час во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлози за издавање казнени налози против шест лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетите биле затекнати при непочитување на полицискиот час. Спротивно на одлуката со која се забранува движење на населението во одредени делови на денот како мерка за превенција на ширењето на коронавирусот, тие без дозвола се движеле на различни локации во градот.

Надлежниот јавен обвинител за сите обвинети предложи парични казни од 100 дневни глоби од по 20 евра во денарска противвредност.​

Коронавирус