петок, 7. мај 2021. Вести денес: 0
home Хроника

Предложени мерки на претпазливост за лице осомничено за измами при купопродажба на станови

Предложени мерки на претпазливост за лице осомничено за измами при купопродажба на станови

Основното јавно обвинителство Скопје денеска оиведе постапка против едно лице за продолжено кривично дело – Измама од член 247 став 3 во врска со став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик.

Во периодот од мај 2020 година до март 2021 година, осомничениот во повеќе наврати, искористувајќи ист траен однос и исти прилики, довел и држел во заблуда најмалку седум оштетени граѓани. Со намера за себе да прибави противправна имотна корист, тој како агент во својата агенција за недвижности лажно им прикажувал факти на оштетените дека е овластен од различни сопственици да ги продава нивните станови на други лица. Откако ќе ги огласел становите, ги покажувал пред потенцијалните купувачи, договарал продажба и наплаќал средства на име капар, но потоа не доаѓало до склучување купопродажен договор, а уплатените средства не ги враќал.

Осомничениот, по наредба на јавен обвинител беше лишен од слобода и за него ќе биде поднесен Предлог за определување мерки на претпазливост – обврска повремено да се јавува кај определено службено лице во Судот, привремено одземање на патната исправа и забрана за издавање нова, како и забрана за преземање определени работни активности.

Постапката против осомничениот е во тек, се испитуваат лица и се обезбедуваат и други докази.​​

Коронавирус