петок, 23. јули 2021. Вести денес: 178
home Хроника

Предложена парична казна за непочитување на полицискиот час во Гостивар​

Предложена парична казна за непочитување на полицискиот час во Гостивар​

Поради „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, гостиварското Обвинителство поднесе Предлог за издавање казнен налог против едно лице.

Како што стои во соопштението од Основното јавно обвинителство – Скопје, обвинетиот  не го почитувал важечкиот полициски час и за време на забраната определена како мерка за спречување на ширењето на коронавирусот се движел  без да поседува соодветна дозвола.

Надлежниот јавен обвинител му предложи на Основниот суд во Гостивар на обвинетиот да му определи парична казна од 100 дневни глоби.

Коронавирус