сабота, 25. септември 2021. Вести денес: 110
home Хроника

Предлог казни од по 800 евра за пет лица од Велес за непочитување на полициски час

Предлог казни од по 800 евра за пет лица од Велес за непочитување на полициски час

Основното јавно обвинителство Велес до Основен суд Велес денеска поднесе предлози за издавање казни од по 800 евра против пет лица за непочитување на полициски час.

– Обвинетите го прекршиле полицискиот час, односно спротивно на Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Македонија, биле затекнати како се движат на различни локации во часовите кога тоа е забрането, се вели во соопштението од ОЈО.

Јавното обвинителство предложи на обвинетите да им бидат изречени парични казни во висина од по 40 дневни глоби во износ од по 20 евра, односно по вкупно 800 евра во денарска противвредност.​

Сите лица се теретат за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Коронавирус