петок, 5. март 2021. Вести денес: 122
home Хроника

Правно и физичко лице добија кривични, правеле измама при добивање на кредит или друга погодност

Правно и физичко лице добија кривични, правеле измама при добивање на кредит или друга погодност

СВР Прилеп поднесе кривична пријава  против Д.С.(38) поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „измама при добивање  кредит или друга погодност “ и против правно лице од Прилеп, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „Измама при добивање на кредит или друга погодност“.

Д.С. во текот на 2016 година, како невработено лице, со намера да се стекне со противправна имотна корист,  поднел апликација за активна мерка по Програмата и Пријавата за користење на грант согласено  условите од Програмата . По одобрување на апликацијата  основал фирма од Прилеп и склучил Договор со  Агенција за вработување и УНДП по кое искористил средства за  директна набавка на опрема и материјали во вредност од 185.000 денари, на штета на Буџетот на Република Македонија, меѓутоа спротивно на договорот и обврските, воопшто не реализирал финансиски трансакции и исплата на бруто плати, а фирмата по службена должност од страна на Централен регистар во тек на 2019 година била ликвидирана.

Коронавирус