петок, 19. јули 2019. Вести денес: 133
home Хроника

Правеле лажни профили на Фејсбук: Две девојки кривично ќе одговараат

Правеле лажни профили на Фејсбук: Две девојки кривично ќе одговараат

Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против две девојки за лоупотреба на лични податоци.

Во првиот случај, Л.Б.(29) од Вевчани во текот на јануари оваа година неовластено презела и обработувала фотографии на две лица, по што ги објавила на нејзиниот лажен „Фејсбук“ профил и постирала коментари со недолични содржини.

А.В.(29) од Охрид, пак, во периодот од октомври 2018 до 12 февруари годинава, креирала профили со лични податоци од С.Д. од Охрид, на „Фејсбук“ и „Инстаграм“, без претходна согласност од него, по што од тие профили комуницирала со негови пријатели и роднини.