недела, 1. октомври 2023. Вести денес: 71
home Хроника

Познати идентитетите на 11 лица кои учествуваа во крвавата пресметка во Куманово

Познати идентитетите на 11 лица кои учествуваа во крвавата пресметка во Куманово

На 31.10.2018 година околу 18:30 часот во полициската станица во Куманово било пријавено дека на улица „Тоде Мендол“ во близина на маркет “Арди” по претходно настаната тепачка помеѓу две семејства и тоа Ф.Љ. (19), Д.Љ. (18), Ф.Љ.(61), Х.Љ. (23) и В.Љ. (48) од една страна и М. М. (55), Е.М. (49), М.М. (47), Џ.М. (30), Р.М.(28) и В.М. (57) од друга страна, било пукано од огнено оружје при што В.М. се здобил со повреди и бил пренесен во Ургентен центар во Куманово и потоа во комплексот клиники “Мајка Тереза” во Скопје, каде им подлегнал на повредите.

М.М. (55) се здобил со убодна рана од нож, а неколку лица се здобиле со повреди од тврди предмети .

Увид на лице место  е извршен  од страна на Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Куманово.

Ф. Љ., Д. Љ. и Ф. Љ. сами се пријавиле во полициска станица, а Х. Љ., Е. М., М. М., Џ. М. и Р. М. се приведени. Во текот на вечерта и осомничениот за убиството В. Љ. се пријавил во полициска станица, каде е задржан за понатамошна постапка.

Во соработка со јавното обвинителство се работи на целосно расчистување на случајот, по што ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.