четврток, 18. јули 2019. Вести денес: 113
home Хроника

Позната состојбата на новороденчето оставено во трева во Топанско

Позната состојбата на новороденчето оставено во трева во Топанско

Бебето најдено во парк во Топанско поле било родено вчера и веднаш по раѓањето, голо било оставено во тревата. Случаен минувач го слушнал плачењето на новороденчето и пријавил во полиција, пренесува Слободен Печат.

Од Клиниката за детски болести велат дека, иако бебето било оставено во несоодветни услови, сега е во добра општа состојба.

– По папочната врвца и состојбата може да се заклучи дека бебето е родено вчера. Донесено беше голо, но веднаш ставено во инкубатор да се загрее. Дадена е соодветна терапија и засега е во добра состојба – за Слободен Печат вели Катерина Ставриќ, директорка на Детска клиника.

Таа нагласува дека досега ваков случај, штотуку родено бебе да биде оставено на улица, немале. Од полиција велат дека работат на откривање на идентитетот на мајката и околностите во кои новороденчето било оставено во тревата веднаш по раѓањето.