понеделник, 18. јануари 2021. Вести денес: 0
home Хроника

Познат идентитетот на жената која загина во сообраќајка кај Тетово

Познат идентитетот на жената која загина во сообраќајка кај Тетово

На 02.04.2019 околу 06:45 часот на автопатот Тетово-Гостивар, на  наплатната рампа кај Тетово, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Б.Д.С.(51) од Кичево и патничко возило „Фолксваген туарег“ со дебарски регистарски ознаки, управувано од А.К.(37) од Дебар.

На местото на настанот починала Б.Д.С., додека возачот А.К. и сопатниците во возилото „Фолксваген туарег“, Б.Г.(32), М.К.(36) и А.К.(62), сите од Дебар, се здобиле со повреди и со возила на Итна медицинска помош биле пренесени во Клиничката болница во Тетово, каде им била укажана помош.

Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово.

Коронавирус