среда, 12. мај 2021. Вести денес: 1
home Хроника

Познат идентитетот на загинатиот мотоциклист, МВР со детали за несреќата во Аеродром

Познат идентитетот на загинатиот мотоциклист, МВР со детали за несреќата во Аеродром
илустрација

Полицијата го утврди идентитетот на мотоциклистот кој загина утринава во сообраќајна несреќа во Аеродром.

Станува збор за 41 годишниот скопјанец Д.П.

Како што претходно објавивме, тешката сообраќајна несреќа се случила утринава на крстосницата со булеварите „АВНОЈ“ и „Србија“, а во истата учествувале автомобил „Мицубиши“ управуван од скопјанката В.С. и мотор управуван од сега починатиот Д.П.

Полициски екипи на местото на несреќата извршиле увид.

Коронавирус