петок, 9. декември 2022. Вести денес: 0
home Хроника

Познат идентитетот на загинатиот маж во струмичко

Познат идентитетот на загинатиот маж во струмичко

Четириесет и осум годишен жител од струмичкото село Петралинци го загуби животот во сообраќајна нереќа која се случи вчераво 07.50 часот на регионалниот пат с.Дабиље –с.Петралинци, струмичко, во близина на крстосницата за с.Сарај.

-Несреќата се случила помеѓу товарно моторно возило „ман“ со струмички регистарски ознаки, управувано од П.В.(31) од с.Дабиље и патничко моторно возило „фолксваген голф“ со струмички регистарски ознаки, управувано од И.Д.(48) од с.Петралинци, информира МВР.

На местото на незгодата починал возачот И.Д., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Струмица.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Струмица.

Qatar 2022