сабота, 31. јули 2021. Вести денес: 0
home Хроника

Познат идентитетот на загинатиот и повредените во сообраќајката на патот Градско-Прилеп

Познат идентитетот на загинатиот и повредените во сообраќајката на патот Градско-Прилеп

Триесет и пет годишниот скопјанец К.Л. е лицето кое го загуби животот во сообраќајна несреќа која денес околу 10:10 часот се случи на магистралниот пат Градско – Прилеп.

Од МВР информираат дека во сообраќајната незгода учествувале товарно моторно возило „Волво“ со приколка со велешки регистарски ознаки, управувано од Ј.Г.(30) од Велес и такси возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки управувано од К.Л.(35) од Скопје.

-Во незгода К.Л. починал на местото на настанот, додека сопатничките во возилото, М.И.(64) и А.И.(31), двете од Битола, се здобиле со повреди и се пренесени во болница во Кавадарци, информираат од МВР.

Полициски екипи вршат увид на местото на несреќата.

Коронавирус