петок, 28. февруари 2020. Вести денес: 2
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Хроника

Познат идентитетот на загинатата жена во тешката сообраќајка на автопатот Велес-Скопје, МВР со сите детали

Познат идентитетот на загинатата жена во тешката сообраќајка на автопатот Велес-Скопје, МВР со сите детали

Едно загинато лице, четири повредени од кои две потешко е билансот по вчерашната сообраќајна несреќа која околу 8 чсот се случи на автопатот Велес-Скопје.

Полицијата денес излезе со сите детали поврзани со несреќата во која учествуваа седум возила. Истата се случи после наплатната рампа Отовица кај местото викано Кула.

Во сообраќајката учествувале „БМВ“, со велешки регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Ц.(29) од Велес,  „Мазда“ со велешки ознаки, управувана од Р.Ј.(31) од Велес, „Шкода октавија“, со кавадаречки ознаки, управувана од С.М.(37) од Кавадарци, „Мазда“, со прилепски регистарски ознаки, управуваао од Р.Д.(52) од Прилеп, „Мицубиши аутлендер“, управуван од М.К.(53) од Скопје, товарно возило „Мерцедес“, со велешки регистарски ознаки, управувано од О.А.(60) од Велес и влекач, со непозната марка и регистарски ознаки, управувано од непознато лице, кое го напуштило местото на незгодата.

-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле С.М. и сопатниците во патничкото возило „шкода октавија“, Ј.В.М.(38) и 11- годишна малолетничка, и двете од Кавадарци, додека со телесни повреди се здобиле возачите Р.Ј. и Р.Д. Повредените биле пренесени во Општата болница Велес, додека Ј.В.М. била пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде починала, информираат од МВР.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Велес.