петок, 23. октомври 2020. Вести денес: 48
home Хроника

Познат идентитетот на убиената жена во Чаир

Познат идентитетот на убиената жена во Чаир

Жена усмрти друга жена во инцидент кој се случил синоќа на улицата „Дижонска“ во скопската населба Чаир.

Телевизијата SHENJA објавува детали за убиството што се случи синоќа на улицата „Дижонска“ во скопската населба Чаир.

Како што дознава TV SHENJA, вчера на местото дошла Ж.К (1976) од Тетово, која ја нападнала М.Ш. (1984) со секира. Потоа, M.Ш ја прободела со нож и ја усмртила Ж.К.

Ж.К била испратена со возило на брза помош во болница, но им подлегнала на повредите

Екипи од МВР и Јавното Обвинителство веднаш излегле на местото на настанот за да го истражат случајот.

Се очекува МВР да излезе со официјална верзија за убиството на Дижонска.

Коронавирус