Триесет и седум годишниот Д.М. од тетовското село Фалише е лицето кое вчера почина во авион пред полетување на скопскиот аеродром.
Од полицијата информираат дека случајот кај нив бил пријавен во 14:20 часот, а мажот требало да патува за Базел.
Од лекар од медицинската екипа од Аеродром „Скопје“ била констатирана смрт.
-На местото на настанот бил извршен увид од страна на Секторот за внатрешни работи Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција, информираат од МВР.