вторник, 22. октомври 2019. Вести денес: 0
home Хроника

Познат идентитетот на тешко повреденото момче во Карпош

Познат идентитетот на тешко повреденото момче во Карпош

Полицијата го соопшти идентитетот на момчето кое беше брутално нападнато вчера во Карпош

-Вчераа околу 17.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Шекспирова’’ во Скопје Ф.В.(19) со тврд предмет бил нападнат од едно лице. Ф.В. бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза’’ каде му биле констатирани тешки телесни повреди, информираат од МВР.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Според последните информации, момчет се уште се наоѓа во тешка состојба.