вторник, 26. јануари 2021. Вести денес: 0
home Хроника

Познат идентитетот на повредените и приведените по тепачката на „Рузвелтова“

Познат идентитетот на повредените и приведените по тепачката на „Рузвелтова“

На 22.03.2019 година во 17:45 часот во СВР-Скопје било пријавено дека на улицата „Франклин Рузвелт“ во угостителски објект дошло до нарушување на јавниот ред и мир со тепачка помеѓу: Ф.Ј.(18) од Визбегово-скопско и Е.Р.(18) од Скопје од една страна и А.К. и И.А.(25) од Скопје од друга страна.

При пресметката  бил употребен и нож. Со тешки телесни повреди се здобил И.А. констатирани од страна на лекар од Комплексот клиники „Мајка Тереза“, а со телесни повреди се здобиле Ф.Ј. и А.К. констатирани од страна на лекар од Градската општа болница „Свети Наум Охридски“.

Тројцата се обезбедени, а се преземаат мерки за пронаоѓање на Е.Р. и целосно расчистување на случајот.

Коронавирус