сабота, 18. јануари 2020. Вести денес: 1
home Хроника

Познат идентитетот на починатиот рудар од Крива Паланка

Познат идентитетот на починатиот рудар од Крива Паланка

На 27.07.2019 година околу 13:00 часот било пријавено дека во рудник во Крива Паланка, при изведување на работни активности со телесни повреди се здобиле рударите А.Н. (32) од Крива Паланка и Ј.М. (30) од паланечко.

Рударот Б.М. (57) од Крива Паланка починал на местото на настанот.

Повредените рудари се пренесени во Клиничка болница во Куманово.

Увид на лице место извршила увидна  екипа од Крива Паланка, а од страна на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.