петок, 7. мај 2021. Вести денес: 0
home Хроника

Познат идентитетот на планинарот кој загина на Попова Шапка

Човек - планина, бескрајно добар пријател, извонредно искусен планинар и алпинист, вљубеник во природата, одличен познавач на врвовите, планините, сопруг, татко, дедо.
Познат идентитетот на планинарот кој загина на Попова Шапка

Перо Атанасов (58) од Скопје починал откако паднал во бесознание додека вчера планинарел во месноста „Антени“ на Попова Шапка.

Неговите пријатели со кои заедно планинареле, се простуваат од човекот кого го нарекуваат човек-планина.

„На вчерашниот прекрасен ден, на прекрасните временски и сончеви услови дел од нашиот тим по зимската патека ги искачи Син Врв, Бакардан и Титов Врв (Шар). И токму во сите моменти на задоволство, среќа, радост, бескрајно убави разговори за животни случки, за Македонија, најразноразни откачени шеги, сончање, лесен чекор со добро врзани дерези и гамашни, на враќање на рамнината на Син Врв (кај самите Антени) во миг престана да чука срцето на ПЕРО АТАНАСОВ – ЦРНА СТРЕЛА!

Човек – планина, бескрајно добар пријател, извонредно искусен планинар и алпинист, вљубеник во природата, одличен познавач на врвовите, планините, сопруг, татко, дедо.

На денот кога ги видовме сите планински масиви на Македонија и Балканот, денот кога со лесен од по зимската патека во „(про)летни“ услови ги направивме најубавите слики од овие наши врвови, но и од нас самите, и кога Перо ни рече: „вие сте Црни Стрели“, во миг не напушти Перо Атанасов, со кого лани од Дренок ја бележевме патеката и во чија чест ќе биде врв 11/12: Радуч на Јабланица.

Вечна слава и спомен за ПЕРО АТАНАСОВ – ЦРНА СТРЕЛА“

Коронавирус