недела, 25. октомври 2020. Вести денес: 70
home Хроника

Познат идентитетот на машкиот труп пронајден во Вардар

Познат идентитетот на машкиот труп пронајден во Вардар

Полицијата информира дека вчера околу 13.15 часот во близина на с.Сараќино, тетовско, М.К. (65) од истото село пријавил дека во реката Вардар имало заглавено тело на машко лице.

-Полициски службеници извршиле увид на местото и констатирале дека се работи за лицето Г.Ш. (91) од с.Стримница, кој на 17.05.2018 година бил пријавен за исчезнат. Лекар од судска медицина извршил преглед над телото и констатирал дека нема траги на насилство, информираат од МВР.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на семејството.

 

Коронавирус