понеделник, 17. февруари 2020. Вести денес: 0
home Хроника

Познат идентитетот на лицата кои лажеа за бомбата во Скопје Сити Мол

Познат идентитетот на лицата кои лажеа за бомбата во Скопје Сити Мол

Полициски службеници од Бирото за јавна безбедност при МВР денеска приведоа две лица во врска со лажната дојава за бомба во трговскиот центар Скопје Сити Мол.

МВР соопшти дека се приведени се П.Ц. (19) и А.Д. (19) и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Инаку, попладнево беше извршена евакуација во Трговскиот центар „Скопје сити мол“ во населбата Карпош, поради дојава за бомба.