вторник, 12. ноември 2019. Вести денес: 0
home Хроника

Познат идентитетот на четворицата загинати кај Ресен, Битола и Могила завиени во црно

Познат идентитетот на четворицата загинати кај Ресен, Битола и Могила завиени во црно

Полицијата го утврди идентитетот на четворицата загинати во страшната сообраќајна несреќа која попладнево околу 16:30 часот се случи на магистралниот пат Ресен – Охрид во близина на селото Крушје.

Од СВР Битола за Курир информираат дека во тешката сообраќајка животот го загубиле сопружниците М.Р. (65) и М.Р. (67) од Битола кои биле во „Мерцедесот“ и брачен пар од село Трновци, Могила кои биле во „Аудито“, Ц.С. (53) и Д.С. (59). Во овие две возила немало други патници.

Неофицијално, во третото возило „БМВ“ со охридски ознаки нема повредени лица.

Полициски екипи извршиле увид на местото на несреќата, а истрагата треба да покаже кои се причините за оваа тешка сообраќајка.