петок, 14. август 2020. Вести денес: 153
home Хроника

Познат е идентитетот на човекот кој денеска се удави во Охридско Езеро

Познат е идентитетот на човекот кој денеска се удави во Охридско Езеро

Безживотно тело на средовечен маж попладнево е пронајдено во водите на Охридското Езеро. Случајот во полиција бил пријавен од страна на случајни минувачи кои го забележале телото на самиот кеј „Македонија“ во градот.

На лице место излезени се екипи на крим техника на СВР Охрид, како и екипа на Службата за итна медицинска помош која ја констатирала смртта.

Станува збор за лицето С. Ј. на 49-годишна возраст од Охрид. Причините за настапувањето на смртта ќе ја утврди обдукцијата. (МИА)

Коронавирус