среда, 21. октомври 2020. Вести денес: 0
home Хроника

Пожарникарите се борат со пламенот: Уште е активен пожарот кај селата Павлешенце, Градиште и Гарбеш

Пожарникарите се борат со пламенот: Уште е активен пожарот кај селата Павлешенце, Градиште и Гарбеш

Пожарот кој беше активен пред два дена во село Павлешенце од страна на  Свети Николе се проширил и во дел на Општина Куманово во атарот на селата Павлешенце, Градиште и Габреш информираа од Регионалниот Центар за управување со кризи Куманово.

И покрај ангажманот на протвипожарните единици од Куманово и Свети Николе и други институции, пожарот се уште е е активен.

Во пожарот зафатена била поголема површина на запалена сува трева ниско стеблеста деградирана и дабова шума, при што повторно се активирале некои жаришта. Територијалната противпожарна единица Куманово интервенирала со две возила и седум пожарникари од 12 :45 часот.

Пожарот го гасела и една екипа на Шумско стопанство со теренско возило иседум вработени, Дирекција за заштита и спасување Куманово со  теренско возило ираководител, како и една екипа од противпожарната единица Свети Николе. Поради лошата конфигурација на теренот делувањето во гасење на пошарот било отежнато, а пожарот е се уште активен. Поради лоша видливост во вечерните часови, и непристапноста  на теренот, екипите се повлекле од терен.

Во раните утрински часови екипите повторно се на терен и продолжуваат со делување.

-Ќе работиме до негово целосно ликвидирање заеднички со единицата од Свети Николе и Дирекција за заштита и спасување, изјави командирот на ТППЕ Куманово, Дејан Илиевски. (МИА)

Коронавирус