петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 0
home Хроника

Пожарникарите интервенираа, се судрија четири возила во Струмица (ФОТО)

Пожарникарите интервенираа, се судрија четири возила во Струмица (ФОТО)

Се судрија четири возила во Струмица, при што интервенираа и пожарникарите, со цел да го сопрат истекувањето на гасот кај еден од автомобилите поради опасност од евентуална експлозија.

Како што информираат струмичките пожарникари, несреќата се случила денеска во 12.43 часот на булеварот „Маршал Тито“ во Струмица.

-ТППЕ Струмица со едно возило и четворица пожарникари интервенираше на сообраќајна несреќа помеѓу четири патнички моторни возила во која за среќа нема повредени лица. Од наша страна беше сопрено истекувањето на гасот кај еден од автомобилите поради опасност од евентуална експлозија, информираа пожарникарите на Фејсбук.

Коронавирус