среда, 20. јануари 2021. Вести денес: 75
home Хроника

Пожарникарите едвај го извадиле од возилото – страотна сообраќајка во Струмица, сообраќајот бил во прекин шест часа

Пожарникарите едвај го извадиле од возилото – страотна сообраќајка во Струмица, сообраќајот бил во прекин шест часа

Рано утринава во 04.45 часот било пријавено дека на регионалниот пат Струмица–Владевци патничко моторно возило „Алфа ромео“ со струмички регистерски таблици управувано од 23-годишниот А.Д. од Струмица, удрило во паркирана приколка на Ј.М.(41) од Струмица.

Во незгодата со повреди се здобил А.Д. кој откако со помош на екипа од Територијалната противпожарна единица Струмица бил изваден од возилото, со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Медицинскиот центар во Струмица.

Увид извршила увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Струмица.

Во времето од 05.20 до 11.00 часот сообраќајот на регионалниот пат Струмица-Владевци бил во прекин, поради вршење на увид.

Се работи на целосно расчистување на случајот.

Коронавирус