сабота, 19. септември 2020. Вести денес: 87
home Хроника

Пожар зафати три куќи во Битола, уапсено едно лице

Пожар зафати три куќи во Битола, уапсено едно лице

Пожар зафатил три куќи лоцирани на улицата „Дебарска“ вчера вечерта во Битола.

-Интервенирано било од страна на Територијалната противпожарна единица Битола, при што едната куќа била целосно изгорена, а двете биле делумно изгорени. Во врска со настанот во полициска станица било приведено едно лице од Битола за кого се претпоставува дека го подметнал пожарот, информираат од МВР.

Од полицијата информираат дека увидот ќе продолжи во текот на денешниот ден и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Дел од медиумите пишуваат дека пожарот бил подметнат од брат на еден од сопствениците на куќата, а по претходната расправија меѓу нив.

Коронавирус