сабота, 21. септември 2019. Вести денес: 33
home Хроника

Пожар во зграда во Гостивар: Три лица и 6-месечно бебе завршија во болница

Пожар во зграда во Гостивар: Три лица и 6-месечно бебе завршија во болница

Во Гостивар, утрово околу 04.40 часот избувнал пожар во еден од подрумите во зграда на улица „Мајор Чеде“.

Од пожарот на лекарски преглед во Медицински центар Гостивар се јавиле три лица, а однесено е и шестмесечно бебе.

Од извршениот преглед кај лицето З.М. биле констатирани изгореници од втор степен во пределот на левата рака и вратот, кај А. С. изгореници од прв и втор степен во пределот на целото тело и кај В.С. изгореници од прв степен во пределот на лицето.

Кај шест месечното бебе нема изгореници, констатирано е само вдишување на чад.

Пожарот е локализиран. Увид ке се врши во текот на денов.