понеделник, 6. февруари 2023. Вести денес: 178
АКТУЕЛНО

Најнов биланс: Во земјотресите во Турција и Сирија загинале повеќе од 3.000 луѓе, најмалку 15.500 повредени

home Хроника

Пожар во Универзитетот на Југоисточна Европа

Пожар во Универзитетот на Југоисточна Европа

Пожар бил забележан пред два дена во Тетово во Универзитет на Југоисточна Европа.

Од полицијата информираат дека пожарот бил во котларата, а истиот бил забележан од страна на внатрешното обезбедување.

-Бил забележан пожар на кровната конструкција, при што истата целосно изгорела. Во моментот на пожарот котларата не била во функција односно не работела и повредени лица нема. Од страна на Територијалната противпожарна единица-Тетово во 00,15 часот пожарот бил локализиран, информираат од МВР.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР-Тетово. Се работи на целосно расчистување на настанот.