недела, 19. јануари 2020. Вести денес: 80
home Хроника

Пожар во угостителски објект во Бутел- опожарен и автомобил „Рено мастер“

Пожар во угостителски објект во Бутел- опожарен и автомобил „Рено мастер“

На 14.01.2020 во 01.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар во угостителски објект на ул. „Томе Пуре“ во Скопје. Со пожарот бил зафатен задниот дел од објектот, во кој имало повеќе стари гуми од возила, кровната конструкција на објектот и помошната просторија, сопственост на А.С., како и товарно возило „рено мастер“, сопственост на Н.С.(52) од Скопје, кое било паркирано во непосредна близина.

Пожарот бил локализиран од екипа на Противпожарната бригада Скопје, а повредени лица нема. Извршен е увид, информираат од МВР.