сабота, 18. септември 2021. Вести денес: 81
АКТУЕЛНО

ЦРН РЕКОРД НА ПОЧИНАТИ ВО ЗЕМЈАВА: Денеска над 40 починати, НАЈМЛАДИОТ НА САМО 18 ГОДИНИ!

home Хроника

Пожар во трафостаница на ЕВН: Зафатил стрниште, лозја, овошки, шумски појас, викенд куќа, систем за наводнување и гаража

Пожар во трафостаница на ЕВН: Зафатил стрниште, лозја, овошки, шумски појас, викенд куќа, систем за наводнување и гаража

Во СВР Штип вчера околу 15.30 часот било пријавено дека околу 15.00 часот во с. Карбинци, штипско, настанал пожар во трафостаница сопственост на ЕВН во атар на с.Карбинци, кој зафатил стрниште, лозја, овошки, дел од шумски појас, викенд куќа сопственост на Д.Г., систем за наводнување и гаража сопственост на С.С.(62) од Штип.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Штип, а повредени лица нема.

Увид извршила увидна екипа на СВР Штип.

Коронавирус