понеделник, 3. октомври 2022. Вести денес: 146
home Хроника

Пожар во Тетово: „Внукот ми ја запали куќата“!

Пожарот најверојатно сам се изгаснал, а на местото на настанот на подот пронајдени биле три пластични  шишиња, а во едно од нив имало мала  количина на  течност која  мирисала на  гориво - бензин.
Пожар во Тетово: „Внукот ми ја запали куќата“!

На 02.02.2017 година било пријавено дека на 01/02.02.2018 година во времето од  17:00  до 10:00 часот во Тетово на ул.“108“ во куќата на Н.А.(62), од засега неутврдени причина избувнал пожар.

Од пожарот најпрвин се запалиле креветот и тепихот поставени во  ходникот, а делумно била изгорена  и дрвена врата  од  една соба. Пожарот најверојатно сам се изгаснал, а на местото на настанот на подот пронајдени биле три пластични  шишиња, а во едно од нив имало мала  количина на  течност која  мирисала на  гориво – бензин.

Сопственикот се сомневал дека  пожарот  бил  подметнат, наводно од страна на неговиот внук Б.А. бидејќи  истиот во неколку  наврати  преноќевал  во  куќата, а двајцата имале меѓусебен спор околу нивниот имот.

Увид извршила увидна екипа од СВР-Тетово и се  преземаат  мерки за  целосно  расчистување  на  настанот.

Коронавирус