четврток, 24. јуни 2021. Вести денес: 92
home Хроника

Пожар во скопско Вражале: Изгореа штала и неколку грла добиток

Пожар во скопско Вражале: Изгореа штала и неколку грла добиток

Во штала во скопското село Вражале вчера настанал пожар при што целосно изгореле шталата и неколку грла добиток.

Како што соопшти МВР, случајот бил пријавен вчера во 9 часот наутро во СВР Скопје, а шталата била во сопственост на Н.О. (68). Пожарот е изгаснат.

Истиот ден во 15.29 во СВР Скопје, од Бригадата за противпожарна заштита Скопје било пријавено дека во 14 часот на ул. „Саса“ во Скопје, во подрумските простории на куќата во сопственост на Љ.А.(56) настанала експлозија на котел за греење на дрва.

Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид бил извршен.

ЕУРО 2020

Македонија