понеделник, 25. октомври 2021. Вести денес: 141
home Хроника

ПОЖАР ВО ПРЕТОР: Едно лице пронајдено починато- еве ги деталите

ПОЖАР ВО ПРЕТОР: Едно лице пронајдено починато- еве ги деталите

Вчера во 17.57 часот во ОВР Ресен било пријавено дека во с.Асамати, ресенско, во близина на шумска куќа на Јавно претпријатие „Национални шуми“, во атар на с.Претор, настанал пожар при што горела сува трева и стрниште.

Полициски службеници и Јавен обвинител излегле на местото и го пронашле починат М.Л.(62) од с.Претор, а смрт констатирала екипа на Итна медицинска помош.

По преземени мерки било констатирано дека М.Л. и неговата сопруга Н.Л.(56) запалиле гранки во нивна бавча на место викано „Крива нива“ од што настанал пожар, а од густиот чад М.Л. паднал во безсознание, по што бил извлечен од огнот, но веќе бил починат.

Увид на местото извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Ресен, а по наредба на Јавен обвинител телото било предадено на обдукција.

Локални избори 2021