сабота, 23. октомври 2021. Вести денес: 0
home Хроника

Пожар во пехчевско, полицајци фатија две лица

Пожар во пехчевско, полицајци фатија две лица

На 24.09.2021 околу 14:00 часот во Полициската канцеларија Пехчево било пријавено дека на место викано „Ѓерен“, атар на с.Црник, пехчевско, настанал пожар во кој биле зафатени пасишта и шума.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Национални шуми – Пехчево, а повредени лица нема.

Од извршениот увид било констатирано дека на местото биле присутни А.Д.(63) и М.Џ.(59), двајцата од с.Црник, кои напасувале добиток.

Со нив бил извршен службен разговор и известен бил Јавен обвинител. Се работи на расчистување на случајот.

Локални избори 2021