На 17.05.2022 во 22.40 часот во Полициската станица Драчево било пријавено дека настанал пожар во помошна просторија во основно училиште на улица „Јустинијан Први“.
Екипа на бригадата за противпожарна заштита Скопје целосно го изгаснала пожарот.
Повредени лица нема, а увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.