недела, 24. јануари 2021. Вести денес: 0
home Хроника

Пожар во Илинден: Се запали куќа

Пожар во Илинден: Се запали куќа

Во Секторот за внатрешни работи Скопје вчера во 21,05 часот било пријавено дека на улицата „8“ во населбата Илинден избувнал пожар во куќа сопственост на Д.Т. (36). На местото на настанот првично било констатирано дека пожарот најверојатно настанал од проводник на електрична енергија.

Од пожарот оштетен бил кровот на куќата и мал дел од покуќнината во поткровјето. Братот на пријавителот М.Т. (31) при напуштање на куќата се самоповредил (повреда на левиот скочен зглоб).

Екипа од Бригадата за противпожарна заштита целосно го изгаснала пожарот. Увид ќе се врши во текот на денешниот ден.

Коронавирус