сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 96
home Хроника

Пожар во Долни Балван, изгоре магацин со детелина

Пожар во Долни Балван, изгоре магацин со детелина

Во карбинското село Долни Балван изгоре магацин со детелина вредни околу 20.000 евра.

Командирот на ТППЕ Штип, Тони Атанасов вели дека на терен пожарот го гаснеле осуммина пожарникари со четири возила.

– Станува збор за сложена операција, бидејќи луцерката брзо гори и се прави висок пламен. Операцијата траеше околу пет часа. Голема благодарност до месното население, кое помогна да се изнесат дел од балите и на тој начин да не се прошири пожарот, вели Атанасов.

Пожарникарите не дозволиле огнените јазици да се прошират и кон соседниот магацин, во кој имало жито.

Коронавирус