На 12.05.2022 околу 02:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во село Глумово, скопско, настанал пожар во патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Е.Е. од с.Глумово.
Повредени лица нема, а екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.