недела, 18. август 2019. Вести денес: 66
home Хроника

Пожар во близина на кумановското Черкези

Пожар во близина на кумановското Черкези

Пожар избувна околу 17 часот во близина на железничкиот премин во село Черкези кај Куманово. Повеќе противпожарни екипи од кумановската противпожарна единица се на терен и се обидуваат да го локализираат.

Спред првичните податоци од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово горат прагови за железничка пруга.

Густиот црн чад веќе еден час се забележува од повисоките места во Куманово.