четврток, 17. јуни 2021. Вести денес: 36
home Хроника

Пожар во автомеханичарска работилница- оштетен уште еден објект, опрема и 4 возила

Пожар во автомеханичарска работилница- оштетен уште еден објект, опрема и 4 возила

Во Полициско одделение Групчин, А.Н.(28) од село Палатица, вчера пријавил дека на 03.02.2021 настанал пожар во објект во село Палатица, сопственост на Ф.Р.(49) од село Желино, кој објектот го имал дадено под закуп на две лица од село Желино.

Извршен е увид на местото на настанот при што констатирано е дека пожарот настанал во автомеханичарска работилница, а потоа се проширил и кон соседната работилница при што делумно е оштетен објектот и опремата за работа од двете работилници, а од пожарот делумно се оштетени и четири патнички моторни возила, и тоа: „опел астра“, „џип гранд чироки“, „сеат леон“ и „мерцедес“.

Пожарот е изгаснат, а повредени лица нема. Се преземаар мерки за расчистување на случајот .

ЕУРО 2020

Македонија